Категории

Боженствен тирамису во чаша (РЕЦЕПТ)

Најпознатиот и највкусниот италијански десерт е тирамису.

За неговата подготовка, потребни ни се само неколку состојки и помалку од 45 минути.

 

Состојки:

  • 3 жолчки
  • 100 грама шеќер
  • 250 грама маскарпоне сирење
  • 150 милилитри слатка павлака
  • 5 чаши сварено кафе
  • 2 лажици рум
  • плазма бисквити
  • 2 лажици какао, боровинки, листови нане, зрна кафе и стапчиња цимет – за декорација

 

Подготовка:

Измешајте го шеќерот и жолчките и изматете го сето ова добро додека не добиете хомогена смеса. Додадете го маскарпоне сирењето, потоа павлаката и малку рум. Ставете ја оваа смеса на ладно место неколку минути. За ова време пригответе го кафето. Кога ќе се излади, ставете ги бисквитите во чашите и истурете го кафето. Почекајте додека бисквитот не го впие кафето, а потоа додадете го маскарпоне сирењето. Повторете два слоја, на крајот додајте го какаото, украсете со боровинки (малини или јагоди), зрна кафе, листови нане и цимет.

Ставете во ладилник и откако убаво ќе излади послужете!

Прегледи:
1384
Објавено на:
24.01.2020