Категории

Божествена цветна градина во Дубаи од која ќе ви застане здивот

Градината се простира на 72,000 квадратни метри поради што ја носи титулата за најголема градина на светот.


Во 2013 година насреден пустина никна градина со 150 милиони цветови. Симболично градината беше отворена на Денот на вљубените.

Божествената градина се наоѓа во Дубаи и во неа е се направено од цвеќе: срциња, авиони, мечки, дизниеви јунаци.. Градината работи од половината на ноември до половината на мај и е вистинска атракција за посетителите затоа што билките се одржуваат на плус 50 степени.

Оваа градина досега веќе два пати влезе во Гинисовата книга на рекорди, за прв пат во 2013 година како најголема вертикална градина а втор пат во 2016 година за најголема скулптура направена од цвеќе во облик на авионот Емирејтс Ербас А380.

Најголемата скулптура е направена во 2018 година. Тоа е скулптурата на дизниев јунак, прва на Блискиот исток и е направена од 100,000 цвеќиња и билки и е тешка 35 тони.