Категории

Божиќ не потсетува дека секогаш треба да најдеме време за најблиските: Празнична реклама за девојчето кое „купува време“

Во нашето секојдневие растргнати од обврските честопати ги занемаруваме најважните моменти – оние поминати со семејството. 

Во оваа реклама можете да забележите дека девојчето има огромна желба да направи снешко со своето семејство, но никој од нив не е расположен за тоа бидејќи се преокупирани со своите обврски. Таа ја пронаоѓа „продавницата за време“ и купува еден час за правење снешко со семејството. Погледнете како изгледа тоа.