Категории

Божиќен подарок: Празнична плејлиста од Sarah Mace & The Christmas Girls

На крајот од месец декември, Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на своите фанови им подарија разигран новогодишен подарок во форма на видео запис од новата изведба на светски познатиот хит, „Santa Claus is Coming to Town“.

На почетокот на 2022 година, во склоп на нивниот заеднички новогодишен проект, „A Cappella Christmas Carols“, Sarah Mace & the Christmas Girls за сите вљубеници во зимските мелодии, ги претставија сите 8 а капела преработки на познати новогодишни и божиќни песни, кои што се снимени во македонското студио „Алшар“.

Празничната плејлиста ја сочинуваат, „Santa Claus is Coming to Town“, „Jingle Bells“, „Deck the Halls“, „I’ll be Home for Christmas“, како и „Елко Елко“, „Joy to the World“, „Среќна Нова Година“, „The First Noel“.

„Да се биде дел од ваков проект и тоа со вакви прекрасни професионалци, е вистинско задоволство. Посебно кога ќе се спојат талентирани музичари со желба да се создаде нешто уникатно за празниците со помош на музиката. Одзивот и коментарите, кои што ги добивме за овој проект, како и за нашите изведби на овие омилени преработки, беа најглавната мотивација да го финишираме и претставиме самиот проект, како и секоја песна, во најоригиналната можна верзија, – дел на англиски, а дел на македонски јазик. Сепак тоа е она кое што најмногу нѐ исполнува сите,“ изјави Сара Мејс.

Дел од песните од овој проект, веќе беа изведени во живо од страна на Сара, Полина, Калина, Теа и Емилија, и тоа во неколку наврати за време на празниците во главниот град како дополнително разубавување на новогодишната атмосфера.

Целосната празнична видео плејлиста на Sarah Mace & The Christmas Girls со сите 8 песни e достапна на следниот YouTube линк:

https://www.youtube.com/playlist?list=PLGGvZUtcyrA8TkmWnkH1uCIhSOmicPLOV