Категории

Божиќни подароци кои нема да ве чинат ништо, а ќе ги паметат засекогаш

Доколку немате идеја што да им подарите на вашите најмили, за вас подготвивме 5 божиќни подароци кои нема да ве чинат ништо, а ќе останат запаметени засекогаш.

1.Цитат од омилена книга или песна

Изберете цитат од вашата омилената книга или омилената книга на вашиот партнер, напишете го рачно на хартија која ќе ја декорирате. Ставете ја во кутија и израдувајте ги вашите најмили. За подобар ефект изберете хартија во боја. Лицето на кое ќе му го подарите овој подарок сигурно ќе биде изненадено, бидејќи ова е нешто што не може да се купи во продавница и е знак на внимание и љубов.

2.Пораки на стратешките локации во станот

Напишете пораки кои ќе ги поставите на стратешките локации во станот. Бидете креативни, и едноставните пораки како “Само сакам да ти кажам дека те сакам” ќе ве потсетат на она што е важно.

3.Строго чуван семеен рецепт

Идеален подарок кој можете да му го дадете на вашиот пријател, на членот на семејството или на вашиот партнер е рачно напишан стар рецепт, кој е, исто така, слатка семејна традиција.

4.Напишано ветување за преземање на некоја обврска

Ова е идеален подарок за партнерите кои живеат заедно. Напишете некое ветување, како миење на садови, готвење или патување, на хартија и оддржете го истото.

5.Компилација на омилени песни

И за крај, ова може да звучи како клише, но компилација со омилените песни на вашите најмили е подарок кој секогаш ќе испрати порака дека сте посветени и блиски со таа личност, бидејќи вложивте напор и труд да ги расположите луѓето кои ги сакате.

Прегледи:
540
Објавено на:
07.01.2022