Категории

Божиќниот симбол на Њу Јорк: Уклучена елката во Рокфелер центарот по 84 пат

Традицијата која започна во Њу Јорк во 1931 година продолжи и оваа година, во средата на 30ти ноември засвети Божиќниот симбол на Њу Јорк – Елката во Рокфелер Центарот. 

 

Градоначалникот Бил де Бласио и актерите Алек Болдвин и Кејт Мекинон помогнаа да се уклучат светлата на 29 метарската, 14 тона Норвешка смрека, украсена со 50,000 светилки во најразлични бои.

 

We’re getting close now—the #RockCenterXMAS Tree lighting celebration is just 2 days away! ?: @dr.anki_dds

A photo posted by Rockefeller Center (@rockcenternyc) on

Елката ќе биде запалена секој ден од 5 наутро до 23:30 часот, се до 7ми јануари 2017 година, освен за Божиќ кога ќе биде запалена 24 часа.

 

You know the holidays are officially here when the #RockefellerCenterTree has lights!!

A photo posted by Alejandro Lopez ♛ (@alejandro_lopez) on

Овогодинешното дрво доаѓа во Њу Јорк од дворот на Angie и Graig Eichler од Онеонта од северниот дел на планинските предели Катскил во Њу Јорк.

 

Прегледи:
511
Објавено на:
02.12.2016