Категории

Брачен пар изработува бесплатни маски: „Ова е карантинската работилница на мајка ми и татко ми“

Секојдневно сме сведоци на хумани луѓе кои во овие тешки моменти мислат на сите оние кои не се во можност да се заштитат соодветно. Таков е случајот и со овој брачен пар, кој во својот дом периодот на изолација го користи за да создаде заштитни маски за нашите сограѓани кои ги даваат бесплатно.

Нивната ќерка, Ирена Кироска на нејзиниот Фејсбук профил објави фотка од соба полна со заштитни маски, а во описот напиша:

„Карантинската работилница на мајка ми и татко ми под полна пареа… На кого му требаат обратете се слободно… П.С. не се плаќаат.“

Секоја чест, хумани луѓе!

Прегледи:
513
Објавено на:
01.04.2020