Категории

Брачен пар претвори руиниран бунгалов во прекрасен дом од соништата

Уште еден доказ дека со многу труд, љубов, работа, фантазија и волја, може да се постигне се. Младиот пар Кејт и Пол во февруари оваа година заедно купиле стар бунгалов.

Тие штеделе изминатите 4 години и успеале да соберат доволно пари за да ја купат оваа куќа од 1930 година од минатиот век. Својата прва недвижнина ја купија на само 22 години а во текот на карантинот ја претворија во мал рај.

Реновирањето на домот константно го споделуваа со своите следачи на TikTok каде ги следат повеќе од 100,000 луѓе.
За неверојатната трансформација сведочат фотографиите од пред и потоа. Кога се вселиле, бунгаловот бил во руинирана состојба и бил запуштен со години.

За помалку од година дена парот успеал комплетно да го трансформира просторот, а за да заштедат повеќе пари некои нешта ги купувале преку групи на фејсбук каде се продаваат користени но сочувани работи.

Кејт изјави дека новогодишните украси ги направи сама користејќи пластика која ја пронашла исфрлена.