Според најновите резултати во истражувањата во кое учествувале преку илјада луѓе на возраст помеѓу 18 и 34 години, речиси третина од браковите започнале како врска за една ноќ.
Кандидатите се бирани во 2007. и 2008. година, а набљудувањето на 418 возрасни личности продолжено е во наредните 5 години. Меѓутоа, истражувањето има и неколку недостатоци. Врската за една ноќ не била јасно дефинирана, студијата опфаќа мала група на луѓе, а некои истражувања во погледот на врска за една ноќ дале контрадикторни резултати – сексот без обврски се поврзува со анксиозност, депресија и ниско ниво на самодоверба, но исто така за некои луѓе делува позитивно.
Затоа, може да се заклучи дека бракот по врска за една ноќ не е вообичаен, но може да се случи.