Изјавата на Бред Пит изненадила многу луѓе. Се чини дека познатиот актер има план кого ќе љуби во иднина. Имено, овој пат неговото внимание го привлекла црномуреста убавица, исто така актерка.
Актерката Тифани Хадиш во едно интервју открила дека токму таа може да биде новата девојка на Бред Пит. Имено, ова 38 – годишна актерка се сретната со Бред, а тој и дал интересен предлог.
„Имав прилика да го запознаам Бред и ми предложи доколку бидеме сами и двајцата следната година, би можеле да бидеме пар. Во тој случај би можеле да почнеме да се состануваме. Но, тој има шест деца, па не сум сигурна како би се пронашла во улогата на маќеа“, изјавила актерката низ смеа, а светските медии со нетрпение чекаа да ја објават оваа вест.
Што ќе се случи, ќе видим, но се чини дека Бред моментално ужива во животот како самец, па ќе помине уште некое време додека се одлучи повторно да се посвети на некоја жена.