Категории

Бритни Спирс е слободна после 13 години агонија: Нејзинот татко нема повеќе целосна контрола над неа

Пејачката Бритни Спирс започнала да плаче откако судот во Лос Анџелес одредил нејзиниот татко, Џејми Спирс да се суспендира од местото старател на поп ѕвездата.

Судијката Бренда Пени го суспендирала Џејми Спирс од местото старател, со што Бритни стана слободна, по речиси 14 години борба.

„Моменталната ситуација не е одржлива“ – рекла судијката на рочиштето и додала дека ваквиот аранжман создава „токсично опкружување“.

Бритни започнала да плаче од среќа поради одлуката. Долго време мислела дека никогаш нема да доживее нејзиниот татко да престане да има доминантна контрола над неа во секој аспект од нејзиниот живот, но тоа конечно се случи.

 

Прегледи:
480
Објавено на:
30.09.2021