Брижит Бардо важи за една од најубавите жени во светот, а малкумина знаат дека била во длабока депресија, како и фактот дека дури три пати се обидувала да си го одземе животот.
Како што вели, имала се, но била многу несреќна. „Можете да бидете и босоноги, но да бидете среќни. Навистина повеќе пати сум била на ивица да извршам самоубиство. Имав се, а бев несреќна“, изјавила Брижит Бардо.
Со својата беспрекорна убавина, правилни црти , полна уста и пеги на носот, Брижит своевремено ја залудувала целата планета. Во дваесетите и триесетите години од животот не и било срам да го покаже своето тело. Мажите ги оставала без здив, а некои од нив успеале да станат нејзини сопрузи.
Таа е родена на 28 септември 1934 година, во Париз као ќерка на домаќинката Ан Мари Мусел и индустријалецот Луис Пило Бардо. Брижит во вториот брак, со актерот Жак Шариј родила син, со кој не била блиска и својата бременост ја споредувала со тумор. Нејзиниот син никогаш не и ја простил таа изјава, но тој не бил главната причина за нејзината несреќа, бидејќи само осум месеци по неговото раѓање, на својот дваесет и шести роденден, по втор пат се обидела да се убие. Наводно, причина за тоа биле брачните проблеми кои ги имала тогаш.
„Вистинско чудо е што сум сеуште жива“, говорела Брижит која ден пред својот четириесетти роденден се повлекла од актерството, ги променила своите животни навики и станала вегетаријанка. Иако повеќе не се занимавала со актерство, била постојана мета на папараците. Дваесетина дена подоцна, оптеретена со лавата и многу депресивна, Брижит по трет пат се обидела да се убие, но ја спречила во тоа куќната помошничка. Таа е денес најгласната светска активистка за заштита на животните.