Категории

Броевите на овошките кои никогаш не ги приметувате се доста важни – После ова секогаш ќе ги гледате

Со сите налепници кои гледаме на овошјето и зеленчукот, се потешко ни е да ги поврземе и да сфатиме што поточно претставуваат.

Некој од нив се од природно, органско потекло, додека другите се генетски модифицирани. Тешко е тоа да се види на прв поглед.

Меѓутоа, сепак постои извесно значење секој од броевите на налепниците. Тие говорат за потеклото и начинот на одгледување на плодот и носат назив ПЛУ (product look-up) кодови.

Овие кодови во употреба се пуштени од 1990 и контролата на храна ја прават полесна, побрза и поточна. Пуштени се во употреба од страна на Интернационалната федерација за стандарди на производството и од поблиску го одредуваат начинот на одгледување на плод, типот како и класата.

Доколку на налепницата има четирицифрен број, тоа покажува дека плодот е третиран со конвенционални методи, пестициди.

Ако кодот има 5 цифри, кој почнува со 8, тоа значи дека е генетски модифицирано.

Код со 5 цифри кој почнува со 9, покажува дека овошјето има органско потекло.

Овошките кои немаат ПЛУ код, се со сомнително потекло и ги јадете на сопствена одговорност.

Прегледи:
390
Објавено на:
22.12.2016