Категории

Брз десерт со јаболка: Никогаш посочен десерт, а потребен ви е само еден сад! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт сите ќе ви го побараат, бидете сигурни

Состојки:

  • 120 грама брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • малку сол
  • 120 гр. путер
  • 150 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици рум
  • 2 јаболка

Подготовка:

  • Измијте, излупете и исецкајте ги јаболката на коцки и загрејте ја рерната на 1800С.
  • Премачкајте ја тавата за печење со големина 24 см со путер и покријте го дното со хартија за печење.
  • Растопениот путер измешајте го со шеќерот и додавајте едно по едно јајце.
  • Додајте го екстрактот од ванила и рум, па добро измешајте.
  • Сувите состојки, брашното, прашокот за пециво и солта, истурете ги во подготвената смеса и мешајте со дрвена лажица и на крај додадете ги јаболката.
  • Истурете го тестото во подготвениот калап, а на врвот распоредете една полна лажица шеќер.
  • Печете 40 минути.
  • Оставете да се излади пред да го извадите од калапот.
  • Изладената торта посипете ја со шеќер во прав.
Прегледи:
535
Објавено на:
04.04.2020