Категории

Брз ролат со банани, чоколада и кекс! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт е едноставен,потребни се само неколку состојки и што е најважно- не се пече.

Потребни состојки:

  • 300 гр. плазма или кекс
  • 5 банани
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. маргарин
  • 2-3 лажици шеќер

Подготовка:

1. Кексот издробете го што поситно,ставете го во чинија, додадете околу 50гр. омекнат маргарин, 2 банани и сето тоа добро соединете го. Смесата ставете ја врз фолија и потоа во фрижидер.

2. Стопете го шеќерот, додадете 3-4 лажици вода и чоколадото, па кога ќе се стопи чоколадото додадете го остатокот маргарин. Смесата извадете ја од фрижидер и развлечете ја. Премачкајте со половина од чоколадниот прелив. Одозгора наредете банани (нека бидат наредени долгнавесто како ==).

3. Преклопете ја кората од двете страни (преку бананите) до средина така да добиете два споени ролати. Остатокот од чоколадниот прелив намачкајте го врз ролатот.

Пријатен апетит!

Прегледи:
1113
Објавено на:
02.03.2019