Категории

БРЗИ И МОДЕРНИ: Мафини со кокос готови за 15 минути!

Мафините денес се многу модерни, а за овој рецепт со кокос не ви требаат никакви скапи состојки!

Состојки:

  • 120 гр путер
  • 120 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 1 дл млеко
  • 1/2 дл масло
  • 100 гр кокос
  • 150 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кесичка шлаг

 

Подготовка:

Изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте ги јајцата и матете додека смесата убаво не се изедначи, а потоа додадете го млекото и маслото. Мешајте додека не се изедначи, а потоа додадете го брашното со прашокот за пециво и кокосот. Истурете во подмачкани калапи за мафини и печете ги околу 15 минути на 200 степени.

По желба, украсете со шлаг или рафаело топчиња. Доколку сакате поинтензивен вкус, можете да додадете екстракт од кокос во смесата.

Прегледи:
988
Објавено на:
24.11.2019