Категории

Бура надоаѓа од Сахара – Европа ја прекри портокалов снег

Портокалов снег ги покри Пиринеите, а особено погодено беше зимското одморалиште Ел Тартер во Андора. Причината е прашината што пристигна од Сахара.

Честички од песок и прашина од Сахара пристигнаа со облачен фронт кој дојде од Северна Африка и погоди голем дел од јужна, но и делови од Централна и Западна Европа. Покрај Андора, забележано е дека пустинскиот песок стигна и до Шпанија, Франција, Швајцарија

Метеоролозите наведуваат дека доаѓањето на такви честички во високи концентрации може да биде штетно за здравјето, бидејќи тие го влошуваат квалитетот на воздухот. Сепак, како што додаваат, овој феномен обично не трае долго.