Категории

Цел живот сме ја сечеле пицата погрешно!

Кога пицата ќе дојде на масата, обично се сече на четири или осум еднакви делови. но, изгледа дека цело време сме го правеле тоа погрешно.

Новата математичка формула пристигна од британскиот Универзитет каде математичарите израчунаа како во совршен размер да се исече омиленото јадење на многумина и на тој начин да бидат среќни оние кои не сакаат да ја јадат корката на пицата и оние кои најмногу ја сакаат средината.

За Џоел Хадли и Стивен Ворсли пицата е и тоа како сериозна работа, па предложија неколку верзии на сечење на пицата за секој да биде задоволен со своето парче, а работата е во тоа да се сече по закривени геометриски облици во непарен број на страни.

“Не знаеме се уште дали може нашиот труд, освен на пица, да се примени и на нешто друго”, признаа авторите, но секако нивниот мал потфат се прошири во светски размери.

Прегледи:
389
Објавено на:
13.01.2016