Категории

Чарлс Буковски: Одете до крај

Изолацијата е дар, се останато е тест на вашата издржливост… вашата желба тоа да го постигнете!

Ако сакате нешто да направите – одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.

Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднините, работата и можеби – главата!

Би можело да значи дека нема да јадете два или три, четири денови…

Би можело да значи дека ќе се смрзнувате на клупа во паркот. Можеби сето тоа ќе ви донесе затвор, исмејување или изолација…

Изолацијата е дар, се останато е тест на вашата издржливост… вашата желба тоа навистина да го направите!

А ќе успеете.

Наспроти одбивањето и малите шанси, ќе биде подобро од што и да си замислите.

Доколу се обидувате – одете до крај!

Нема слично чувство, ќе бидете сами со боговите, а во ноќите ќе чувствувате пламен. Ќе владеете со животот се додека не ја почувствувате совршената насмевка. И тоа е единствената борба за која вреди да се обидувате!

 

 

Прегледи:
419
Објавено на:
06.11.2017