Категории

Чекај ја својата епска љубов и немој да се задоволиш со ништо помалце

Немој да се плашиш да чекаш за својата епска љубов. Можеби ќе потрае, и ќе чекаш подолго отколку што мислиш, но немој да се откажуваш. 

Немој да се задоволуваш со се и сешто. Твојата приказна те чека само тебе. Твојата друга половина те чека.
Немој да го губиш своето време на некој кој не умее да ја цени твојата вредност, кој не умее да ти каже колку е драгоцена твојата насмевка. Твојата љубовна приказна е нешто за кое вреди да се бориш.

Биди трпелив, прифаќај ги можностите кои ти се нудат. Живеј го животот и љубовта ќе те пронајде. Можеби тоа ќе биде пријателот од детството, комшијата кој ти ја придржува вратата или верниот купувач во твојата омилена продавница за слатки.
Заслужувај среќа, насмевки од уво до уво. Заслужуваш некој кој ќе те обожава.

Ќе пронајдеш личност која те разбира и чие срце бие во ист ритам со твоето.
Ќе пронајдеш некој кој комплетно ќе ја промени твојата перцепција за љубовта.

-Чејс Кристенсен

Прегледи:
742
Објавено на:
30.07.2020