Категории

Чекор при миењето на забите кој доколку го прескокнете може да влијае врз нивната белина

Дали после четкањето на забите ја испирате устата со обична вода или сретство за плакнење уста? Најважниот чекор од кој зависи белината на вашите заби се крие тука..

Голем дел од нас никогаш не размислуваат дали сретството за испирање на устата се користи пред или после четкањето на забите. Едноставно ја следиме стандардната рутина на миење која се состои од детално четкање после кое следи испирање на усната празнина. Но се чини дека треба да ја заборавиме оваа врежана метода со цел да ја постигнеме посакуваната белина на забите.

Испирањето на устата со антисепчтичко сретство веднаш после четкањето всушност не е најдобар потек затоа што може да го испразни целиот флуор кој се нанесува со четкањето. Флуорот од забната паста се вградува во забната глеѓ и ја зајаккнува нејзината отпорност на делувањето на киселините од плакот и со тоа спречува развој на кариес.

Многу стоматолози препорачуваат прескокнување на гаргара непосредно после четкањето, макар тоа да е изведено со помош на обична вода. Наместо тоа, се препорачува вишокот паста за заби да се исплука а преостанатата количина да ја заврши својата работа врз забите барем 30 минути пред деталното испирање со помош на сретство за уста и потоа консумирање на храна или пијалаци.

Исто така како значително подобра опција се препорачува и обратната постапка односно прво испирање на устата пред четкањето. Стручњаците нагласуваат дека тоа придонесува полесно отпуштање на честиците и наслагите на забите па така четкањето ќе биде поедноставно. Со тоа на овој начин полесно ќе се ослободите од непријатните мириси и бактерии во усната празнина.

Прегледи:
588
Објавено на:
10.11.2020