Категории

Чековски со среден прст за провокаторите

„Капата долу“ пред Ѓорѓи Чековски за уште една негова вонсериска партија. 28 поени, 14 скока, борба до последниот атом од силите, за негова жал на крајот недоволни.

Сепак серија некоректни извици на негова сметка (Станко, свињо дебела!) го испровоцираа високиот центар на крајот од мечот провокаторите да ги „поздрави“ со среден прст.

Вулгарностите и средниот прст се за секаква осуда, а по партии како вечерашната на Чековски треба само да му се аплаудира. И покрај поразот Работнички достојно се бореше и немаше да биде незаслужено да мине во полуфиналето.

Прегледи:
1178
Категории:
Кошарка · Спорт
Објавено на:
20.02.2016