Со зголемувањето на температурите, се зголемува и раздвиженоста во градот, расте расположението и желбата сè поголем дел од денот да го поминеме на отворено, уживајќи во пролетното сонце.
Целокупната пролетна еуфорија е прекрасна, меѓутоа дали би го замениле градскиот метеж и рестораните до недоглед, со пространо зеленило, чист воздух, врвна угостителска услуга и беспрекорен поглед?
На 10 километри од центарот на Скопје, во Волково, го добивате сето ова и многу повеќе. Вистинска релаксација, одлична храна, софистициран и креативен амбиент кој воодушевува и се разликува од сè претходно што сте виделе, а сето тоа во склоп на познатиот коњичкиот клуб „Стара Круша“.
Концептот на Cherry Orchard Wedding&Event Management, е соодветно прилагоден да одговори на сите ваши потреби. Доколку сте авантуристи и љубители на природните убавини, зеленилото, добрата храна и пијалак ова е вистинското место за вас во дневните часови. Тука можете да уживате под дебелите сенки на дрвјата, одморајќи се со пријателите, а за безгрижните насмевки и забава за најмладите е резервирано детското катче.
Cherry Orchard нуди простор на отворено со зелена површина од 1800 m2 и капацитет од 500 луѓе, и 150 паркинг места, совршен за вашите специјални моменти, прослави и свадби под отворено небо во текот на ноќта.
Модерниот концепт на свадба под отворено ѕвездено небо далеку од градскиот метеж е идеалниот избор за вашиот посебен ден во животот и за создавање на спомени кои траат вечно. Доколку го изберете Cherry Orchard Wedding&Event Management за денот на вашата свадба, ќе доживеете нешто поинакво, ултра модерно, романтично, а за забавата да биде уште повесела, тимот на Cherry Orchard Wedding&Event Management ви нуди професионално озвучување, бина и подиум за танцување, романтично осветлување и професионален персонал кој ви стои на располагање во секој момент.
Магичниот пејзаж, зеленото пространство и уникатниот модерен дизајн се причина зошто Cherry Orchard Wedding&Event Management ги импресионира сите посетители и се разликува од се претходно што виделе.
Посетете го и вие ова место и доживејте љубов на прв поглед која трае вечно, заедно со спомените креирани во него.