Категории

Честер е роден со 500 грама и се бори за живот, а вака му помага неговиот брат близнак!

Предвремено роденото бебе се бори за живот од своето раѓање, но неговиот брат близнак прави нешто чудесно за него, поради што се опоравува.

Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени прерано, во 28. недела од бременоста, на 15. јули оваа година. Честер тежел само половина килограм, додека Отис се родил три пати поголем и тежел 1559 грама.

По шест недели Отис е отпуштен на домашна нега, но малиот Честер се бори за својот живот од раѓање, а сега има 1580 грама. Родителите Кели Грејвс (32) и сопругот Били (35) од Бенфлит велат дека чудесната борба на Честер е последица на поврзаноста која ја дели со својот идентичен близнак Отис.

Првата нивна средба се случила на 22. септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од својот брат кој бил до него. Прекрасната глетка ја забележала и камерата, а се одвивала во неонаталната единица во болницата Соутенд, каде што Честер веројатно ќе помине уште два месеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)


Честер сѐ уште е во инкубатор на кислород

Тој сѐ уште е во инкубатор, а родителите се надеваат дека во декември конечно ќе стигне дома. Неговата мајка раскажала што точно се случило. Компликациите започнале во 16. недела од бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од својот брат. Разликата во големината на близнаците е последица на состојба која се нарекува селективно интраутерно ограничување на раст, поради што Честер не добивал потребни хранливи материи од постелката, што го прекинал неговиот раст. Затоа, во 19. недела од бременоста е примена во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)


„Ми направија ендоскопска ласерска операција која е изведена за бебињата да се одвојат од матката. Тоа е направено за во случај Честер да не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот“, појаснила Кели. По операцијата, Честер добивал во просек по 25 грама неделно, а Отис по 100. Во 28. недела од бременоста и пукнал водењакот и и извршиле царски рез.

„Отис е роден прв и ставен е во инкубатор. Потоа пристигнал и Честер. Имал воспаление на ткивото во цревата и дупка во срцето, која за среќа се затворила. Морале да му извршат и операција на око.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)


Трите постари деца сѐ уште не го запознале

Родителите имаат и три постари деца кои сѐ уште не го запознале Честер поради ограничувањата поврзани со коронавирусот, но одвај чекаат да дојде дома.

„Отис е со нас, но чувството е горчливо-слатко бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не бидат со нас“, заклучува мајката. Се надеваме дека Честер што побргу ќе му се придружи на семејството, чија приказна уште еднаш покажа дека чудата се возможни и дека љубовта победува!

Прегледи:
512
Објавено на:
02.11.2021