Категории

Често прават грешка во тоа: Кои работи НЕ треба да ги прават жените за мажите?

Дали се пронаоѓате?

Зрелата и сериозна врска бара компромис: но разумен компромис, пишува Стил.

Истражувањето за личностите на мажите и жените покажува дека постојат одредени, иако не толку забележителни разлики помеѓу нас.

Деталната студија, спроведена на околу 23.000 мажи и жени, покажа дека без оглед на местото на живеење, социјалниот статус и возраста – сите жени си препишале особини како искреност, дружеубивост, пријателство и тенденција кон искушување и анкциозност.

Додека, мажите се опишале себеси како упорни, рационални и отворени за нови искуства и идеи.

Како што можете да забележите, емоциите се клучни во животот на жените. Нив им е потребна комуникација повеќе од мажите. Додека мажите се директни и ориентирани кон акција.

Компромисите се составен дел од здравата и силна врска. Но, дури и во компромисите, мора да имате ограничување.

 

Секоја жена мора да ја подвлече границата: овие работи не смеете никогаш да ги правите за партнерот, без оглед колку е прекрасен!

 

  1. Да се откажете од вашето куче

Ако вашето момче или сопруг е алергичен на кучиња, нека посети лекар и нека зема таблети за алергија. Вашето куче е со вас долго пред него и ја заслужува целата ваша љубов, но и љубовта на вашиот сопруг, ако тој навистина ве сака.

 

  1. Постојано сте на диети

Тоа што јадете здраво и одите во теретана е за пофалба. Но, ако со денови сте само на вода и салата, бидејќи вашиот сопруг „не сака маснотии“ – тоа е веќе дијагноза! Не смеете да го загрозувате вашето здравје!

 

  1. Да имате дете само затоа што тоа го сака сопругот

Според сите правила, парот треба да седне и заедно да се договори дали  сакаат дете или не. Ако сè уште не сте подготвени да имате дете, мора да му кажете на партнерот. Нема ништо срамно во тоа.

Никогаш не треба да раѓате дете само за да му угодите на мажот. Ова има свои последици.

 

  1. Се облекувате како што сака вашиот парнер

Вашата гардероба е ваш избор. Никој не смее да ви се меша во тоа што да облечете и кога. Тоа е одраз на вашата личност. Никој нема право да ве промени.

 

  1. Дозволувате да ве контролира

Вие не се оправдувате пред своите родители, не се оправдувајте и пред вашиот сопруг! Тој нема право да знае за секој ваш потег, за секој повик на мобилениот телефон, за секое кафе со пријателите …

Прегледи:
489
Објавено на:
18.10.2019