Категории

Читањето книга пред спиење го подобрува квалитетот на сонот

Откриено е дека читањето книги влијае позитивно врз менталното и физичкото здравје

Читањето книга пред спиење го подобрува квалитетот на сонот, го намалува стресот, го поправа расположението и помага подобро и поисправно да донесуваме одлуки, покажуваат резултатите од студијата од една издавачка куќа.

Истражувачите истакнуваат дека тоа е многу подобро отколку да бидете активни на друштвените мрежи или да гледате телевизија.

Светлото кое допира од малиот екран испраќа сигнал до мозокот дека е сеуште ден па потешко ќе потонете во сон, а наутро ќе бидете уморни и нерасположени.

На нашиот мозок му е потребно бегство од компјутерот и современата технологија, а читањето спречува лачење на мелатонин, хормон кој изразува чувство на умор. Докажано е дека читањето влијае позитивно врз менталното и физичко здравје.

Исто така, читањето книги претставува нов вид на wellness кој во оеднос на другите на чини на опуштање е наефтин и најлесно достапен.