Вистински есенски десерт!
Тиквата е официјално вистинска есенска намирница која може да се користи како и за слатки, така и за вкусни солени јадења. Како и да е, овој пат ќе се фокусираме на слаткото, конкретно на – чизкејк за кој не е потребно никакво печење!
Состојки:
- 210g мелени бисквити
- 120 гр стопен путер
- 680g крем сирење
- 240 мл слатка павлака
- 120 гр шеќер во прав
- 340гр пире од тиква
- 1 лажичка мелен цимет
- 1 мала лажичка ванила
- слатка павлака за сервирање
Подготовка:
Во една чинија ставете ги мелените бисквити со стопениот путер и добро измешајте ги за да се соединат, а потоа смесата пренесете ја во калап. Основата треба да биде рамна со околу 2 см од страната.
Во голем сад ставете го крем сирењето со киселата павлака и добро измешајте (околу 3-4 минути) сè додека смесата не се соедини. Во смесата додадете го шеќерот, тиквата, циметот и ванилата и убаво измешајте додека не се изедначи смесата.
Смесата ставете ја врз кората, покријте ја со проѕирна фолија и ставете ја во фриждер убаво да се излади 6-8 часа. Гарнирајте со слатка павлака и послужете!
Пријатнен апетит!
Мартин М. | Среќа.мк