Категории

Чоко кикирики бомбици: Згответе, обликувајте, декорирајте и уживајте!

Брзи и едноставни колачиња, може да се направат и со ореви, лешници …

Состојки:

  • 100 мл. вода
  • 300 гр. шеќер
  • 125 гр. маргарин
  • 200 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. мелени кикиритки
  • 200 гр. сецкани кикирики за украсување

 

Подготовка:

Ставете го шеќерот и водата на оган да зовријат. Одкога ќе зоврие додадете го маргаринот и мешајте додека не се растопи. Кога ќе се растопи додадете ги мелените бисквити и кикиритките. Оставете да се излади убаво, па направете бомбици и извалкајте ги во сецкани кикиритки.

 

Доколку сакате, стопете 100 гр. чоколадо со 3 лажици масло, а потоа потопете ја секоја бомбица во чоколадото, па во кикиритките.

 

Тоа ќе ги направи уште повкусни!

Прегледи:
701
Објавено на:
15.01.2020