Категории

Чоколаден чизкејк со крем од лешник: Брз десерт без печење и мешање (РЕЦЕПТ)

Вкусот на овој колач ќе ве освои!

Состојки:

  • 400 гр. наполитанки од лешник
  • 60 гр. путер
  • 400 гр. крем од лешник
  • 400 гр. крем сирење
  • 150 мл. павлака за шлаг
  • 40 гр. лешници

 

За глазура:

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 150 мл. павлака за шлаг
  • 1 лажица путер

 

Подготовка:

Сомелете ги наполитанките и додадете го растопениот путер.

Ако смесата е премногу сува, додадете уште малку путер.

Истурете ја смесата во тркалезен калап и оставете ја да излади.

Крем сирењето измешајте го со кремот од лешник и додадете го шлагот.

Истурете врз подготвената кора и оставете ја во ладилник убаво да се излади.

За глазурата ставете ја павлаката и путерот да се загреат, а потоа додадете го чоколадото за готвење.

Добро измешајте додека чоколадото не се растопи, па оставете малку да се излади.

 

Во блендер, сомелете ги лешниците на поголеми парчиња.

Извадете го десертот од кадилникот и посипете ги лешниците над кремот, па истурете го над подготвената глазура.

Оставете да се излади барем неколку часа.

Прегледи:
1217
Објавено на:
28.02.2020