Категории

Чоколаден мус со авокадо (РЕЦЕПТ)

Мислите дека чоколадните десерти не може да бидат здрави?

Кога сме на диета, сосема е во ред еден ден да избереме за одмор со некое слатко задоволство. Меѓутоа, ако мислите дека сѐ ќе уништите со избирањето на таква храна, тогаш изберете здрав и вкусен десерт меѓу кои се наоѓа и овој кој ќе ви го претставиме сега.

Состојки:

  • 1 + ¼ шолја незасладено бадемово млеко или конзервирано кокосово млеко
  • 500г црно чоколадо со 60% или повеќе какао, искршено на парчиња
  • 4 мали авокада, излупени и исечкани
  • ¼ шолја сируп од агава
  • 1 лажичка изрендана кора од портокал
  • 2 лажички киноа која претходно сте ја потопиле во вода преку ноќта
  • 2 мали лажички сол
  • 2 мали лажички лушпи од пиперка
  • 1 лажичка маслиново масло

Подготовка: 

Во мало тавче загрејте го бадемовото или кокосовото масло на средна температура. Тргнете го од рингла и додадете ја исечканата чоколада, мешајте додека не се стопи и почекајте да се олади до собна температура.

Во друга чинија помешајте го авокадото, сирупот, кората од портокал и смесата со чоколадо и мешајте со миксер додека не се соедини. Добиениот мус поделете го во четири чинии и одозгора декорирајте го со киноа, сол и пиперка, со малку маслиново масло.

Прегледи:
572
Објавено на:
25.12.2018