Зимата не можеме да ја замислиме без греено вино и топло чоколадо. Но, што ако може да направиме комбинација од двете?
Ова е пијалакот кој ги освои луѓето низ светот. Може да кажеме дека виното и чоколадото се две нешта на кои не можеме да им одолееме. Кога комбинираме вино и чоколадо, создаваме магија. Поради тоа ви нудиме еден одличен рецепт за чоколадно вино на кој нема да одолеете во текот на зимските празници.
Состојки за две шолји:
- една шолја млеко
- една шолја црвено вино
- 1/3 шолја темно чоколадо
- слатка павлака за декорација
Подготовка:
Загрејте млеко и додадете чоколадо. Постојано мешајте се додека чоколадото не се стопи. Кога ќе добиете густа, кремаста мешавина додадете го виното. Темелно мешајте.
Потоа истурете го чоколадното вино во шолја, а на крај може да додадете и малку слатка павлака. Уживајте во вкусниот напиток!