Благодарејќи на затемнувањето на Месечината за време на најдолгата ноќ во годината, вечерва човештвото ќе ја искуси најдолгата и најмрачната ноќ во последните 500 години.
Земјината сенка ќе започне вечерва да ја затскрива Месечината, а за време на целосното помрачување нашата планета ќе се наоѓа директно меѓу Сонцето и Месечината, а Земјиниот сателит 72 минути ќе има портокалово-црвена боја.
Луѓето во Европа и Африка ќе можат да видат само дел од помрачувањето пред да го прекине изгревањето на Сонцето.
Извор: Макфакс