Категории

Чуда се случуваат секој ден: По 15 години неуспешни обиди, оваа жена доби бебе на 48 години

Парот почнал да „прави бебе“ од нивниот меден месец кога биле во средината на 30-тите, следувале низа разочарувања, но тие не се откажале.

Фиона МекКласки од Шкотска и нејзиниот сопруг Дарен почнале со обидите за бебе уште во 2004 година на нивниот меден месец во Јамајка, но месеците и годините минувале и тие сфатиле дека нешто не е во ред.

Парот кој тогаш бил во средината на 30-тите бил советуван од докторите да се обиде со вештачко оплодување. Тие ја потрошиле сета своја заштеда на третмани, и Фиона веќе започнала да јавува симптоми на менопауза во 45-тата година, а од бебето сѐ уште ништо.

Но, тие не се откажале и како резултат на тоа Фиона забременила на 48 години, а во мај 2019 година на свет ја донела малата Ела Џејн.

Сега, 49-годишната Фиона ужива во улогата на мајка и е благодарна што конечно го има нејзиното мало бебе „чудо“.

Таа вели дека од 2004 со сопругот искусувале емоционален ролеркостер. Нивните роднини и пријатели успеале да добијат бебиња, но тие не. Сепак, и покрај сите неуспешни обиди останале позитивни и никогаш не се предале.

Денес се горди родители.

Прегледи:
533
Објавено на:
27.04.2020