Категории

Чудата на природата: Истражување на фасцинантните феномени на нашата планета!

Од треперливите светла на аурорите до мистериозниот танц на биолуминисцентните суштества во длабочините на океанот, нашата планета е исполнета со безброј чуда на коишто сите им се восхитуваме.

Доколку сте љубопитни за чудата на природниот свет, погледнете во продолжение некои од феномените на нашата планета:

  • Аурора: Аурората позната и како северна и јужна светлина е хипнотизирачкa светлина што се појавува во поларните делови на Земјата. Предизвикана е од наелектризирани честички од Сонцето кои се судираат со гасови од атмосферата на Земјата.

  • Биолуминисценција: Биолуминисценција е производство и емисија на светлина од живи организми како што се одредени видови габи, бактерии, инсекти и морски суштества. Кога условите се соодветни, овие суштества можат да создадат прекрасни блескави ефекти, особено во океанот.

  • Зелен блесок: Зелениот блесок е оптички феномен којшто се јавува за време на изгрејсонце или зајдисонце кога Сонцето на кратко трепка зелено непосредно пред да исчезне под хоризонтот. Предизвикано е поради прекршувањето на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата, при што различни слоеви од атсмоферата дејствуваат како призми за да ги раздвојат боите на светлината.