Категории

Чудо од дете: Има 3 години и зборува 7 јазици!

Белочка Девјаткина е талентирано девојче кое има само три и пол години и тешко е да се поверува дека зборува дури седум јазици! Иако звучи навистина неверојатно, малечката Бела зборува руски, англиски, германски, француски, шпански, кинески и арапски јазик.

Својот талент го покажала во едно руско талент шоу и се бори за главната награда од еден милион руски рубли, односно околу 16 илјади долари.

Бела, како што ја нарекуваат нагалено, е весело девојче. Кога се појавила во јавноста, многумина помислиле дека родителите ја присилуваат да учи странски јазици за да ја добијат главната награда, но тоа не е точно. Таа едноставно е неверојатно талентирана за јазици. Нејзината мајка ѝ чита приказни на различни јазици, а таа ги впива како сунѓер.

Прегледи:
381
Објавено на:
20.10.2016