Категории

ЧУДО ОД ВЕЖБА: ЗА 60 СЕКУНДИ ЗАМЕНУВА 1000 СТОМАЧНИ

Стомачните за многумина претставуваат најмачна вежба за практикување, а сепак сите посакуваат рамен и цврст стомак. За среќа, фитнес експертите велат дека постои една вежба која може да замени дури 1000 стомачни.

Станува збор за една статична вежба каде рацете и прстите на нозете ја носат целата телесна тежина, а телото е рамно.

При изведувањето на оваа вежба, телото не смее да се помести ниту за милиметар, бидејќи стомачните мускули се основа за правото држење на ‘рбетниот столб.

Вежбата треба да ја правите неколку пати неделно (најмалку три пати). Се смета дека неколку минути практикување на оваа вежба е еднакво на 1000 направени стомачни.

„Правете по 3 повторувања од 60 секунди“ – препорачуваат експертите.

Како да ја изведете вежбата?

1. Поставете ги рацете со лактите на подот, а нозете треба да ви бидат целосно исправени. Главата треба да ви биде 30cm над површината на подот, а носот насочен кон подот.

2. Нозете треба да ви бидат целосно испружени, а тежината на телото целосно да биде пренесена на рацете и прстите на нозете.

3. Стегнете ги стомачните мускули и така обидете се да стоите неподвижни до 60 секунди.

4. Одморете се така што, рацете и нозете ќе ви бидат целосно испружени на подот.

5. Вежбата повторете ја 3 пати. Кога изведувањето ќе ви стане лесно, времето на стоење можете да го продолжите на повеќе од 60 секунди.

Прегледи:
490
Објавено на:
13.05.2016