Се подготвува од состојки кои веќе ги имате во кујната а се консумира неколку пати дневно
Во овој дел од годината, непријатната кашлица е доста честа, но за среќа лекот го имаме во нашата кујна.
Сирупот е толку вкусен што нема да ви биде непријатно да го пиете.
Ловорот му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчина, лимонот му дава посебна киселост а шеќерот е оној кој ги „сврзува“ овие состојки.
Состојки:
-6 листови ловор
-2,5 дл вода
-6 лажици кафеав шеќер
-1 лимон
Начин на подготовка:
Во сад ставете ја водата да зоврие. Додадете ги ловоровите листови и поклопете го садот, гответе од 6-10 минути. Извадете ги листовите ловор, ставете ја течноста во сад во кој ќе го подготвувате сирупот па додадете го шеќерот и исцедете го целиот лимон.
Добро измешајте и почекајте шеќерот добро да се стопи.
Конзумирајте по една лажица неколку пати во денот. Првиот ден можете да земате по една лажица секогаш кога ќе добиете интензивни напади на кашлање.