Категории

Чудотворен напиток од 3 состојки кој го намалува апетитот и желбата за слатко

Како на сосема здрав начин да ја убиете желбата да посегнете по нешто слатко и да го намалите апетитот

Во текот на применувањето на диетите најголемиот проблем претставуваат ненадејните напади на желба за нешто слатко. Со цел да ги задржите под контрола, пронајдовме супер рецепт за напиток кој докажано го намалува апетитот и потребата за слатки.

Овој мал нутриционистички трик ќе ви биде најдобар сојузник во мисијата до совшена линија.
Освен тоа што го регулира апетитот исто така го забрзува метаболизмот, му дава енергија на телото и ги исфрла насобраните токсини, го стабилизира нивото на шеќери во крвта и разградувањето на мастите.

Состојки:
-1 шолја сок од цеден грепфрут
-2 лажици јаболков оцет
-1 лажица мед

Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки додека да се соединат и напитокот е подготвен.

Пијте го пред секој оброк, 3 пати на ден. Дозволено е да се пие во текот на 7 дена, после тоа е неопходно да се направи пауза од една недела.

Прегледи:
491
Објавено на:
27.04.2020