Категории

Чувајте ги силните луѓе… Тие се помалку заштитени од слабите

Силните луѓе можат да бидат многу понезаштитени од послабите. За време на бура, тенката трска само се витка и се суши, а борот, едноставно се крши и умира засекогаш – велат Кинезите, а Кинезите знаат што говорат.

Силните луѓе не се воопшто одговорни за себе. Дури, ни за своите најмили. Тие се одговорни за цел свет, кој достигнал во нивната орбита. Затоа што силата привлекува – како велат физичарите, а тие, исто така, знаат што говорат.

Силните луѓе воопшто не се поздрави или поотпорни од сите останати. Едноставно, тие точно знаат дека немаат право да паѓаат во несвест и да умираат, сѐ додека од нив некој зависи.

Силните луѓе се многу осамени. Не затоа што не трпат никој покрај себе, едноставно… Тие се силни. Затоа и никој не размислува дека и тие се чувствуваат болно, страшно, осамено, тажно…

По оваа земја одат силни, чудесни луѓе. Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно – но со нив е сигурно. Тоа е всушност таа поддршка која секогаш доаѓа на помош во последен момент.