Категории

Чувствувам морална обврска да им се заблагодарам и оддадам почит на медицинарите

Министерот Венко Филипче на неговара фејсбук страница објави кратка изјава и фотографија од излекуван пациент од коронавирус.

„Во изминативе 20 дена бев сместен во ГОБ „8 Септември“, причина: Ковид-19. Чувствувам морална обврска да им се заблагодарам и оддадам почит на медицинарите во оваа установа. 24/7 во истата се води војна на живот и смрт. Докторите и сестрите во повеќе наврати ме оставија без зборови вршејќи си ја својата работа професионално, совесно, пожртвувано и пред сѐ со голема љубов. Во секој еден момент владееја со ситуацијата и секој проблем го решаваа со брза реакција, разбирајќи се со поглед, без да подигнат глас на пациентот. После 20 дена во болницата се чувствувам горд што имаме вакви професионалци – сограѓани. Апелирам до сите, единствено нешто што можеме да направиме, а да им помогнеме на овие луѓе е да ги почитуваме пропишаните мерки. Со тоа ќе бидеме дел од овој тим. Длабок наклон и почит кон сите медицинари во светот кои се борат против ковид-19.“, вели Младен Петров, излекуван пациент од коронавирус.

 

„Во изминативе 20 дена бев сместен во ГОБ „8 Септември“, причина: Ковид-19. Чувствувам морална обврска да им се…

Posted by Венко Филипче on Saturday, November 7, 2020

Прегледи:
681
Објавено на:
07.11.2020