Сега е доста важно да не му се препуштате на стресот и негативните мисли, а овие техники ќе ви помогнат во тоа
Загриженоста околу новонастанатата ситуација е нормална. Сите се плашиме за сопственото здравје и се прашуваме кога ќе помине сето ова и ќе му се вратиме на нашето нормално секојдневие. Во овие мигови е доста важно да не му се препуштите на стресот и анксиозноста затоа што тие можат да предизвикаат трајни последици врз вашето здравје.
Следните предлози можат да ви помогнат да се ослободите од анксиозното чувство.
Немојте да ја потценувате сопствената отпорност
Многумина се грижат што ќе се случи ако вирусот се детектира во нивна близина, на работа, во училиште или во соседството. Се грижат како ќе се носат со карантинот и изолацијата, лечењето, симптомите и како сето тоа изгледа.
Имајте на ум дека сте многу поотпорни отколку што мислите. Направете го она кое мислите дека е неопходно за да се чувствувате подобро, доколку сметате дека емоционалната контрола полека ве напушта, препуштете им се на емоциите, исплачете се или применете некој друг прифатлив начин. Медитирајте и бавете се со некои лесни домашни вежби.
Немојте да ја преценувате заканата
Постојат одредени чекори кои можете да ги превземете со цел да го намалите ризикот од добивање на корона вирусот. Во главно тоа се хигиенски мерки како често миење на рацете, користење на сретства за дезинфекција, држење на рацете настрана од лицето и кивање во марамче.
За да ја намалите анксиозноста која ја создава постојаното кружење на вести од кои голем дел и не се вистина, ве советуваме да го ограничите своето време на изложеност на вести за корона вирусот на 30 минути дневни. Останатиот дел од денот поминувајте го правејќи нешто друго кое ве опушта и смирува.
Избегнување на парадоксот на анксиозноста
Многу луѓе се обидуваат да се ослободат од анскиозноста на многу начини кои и не се секогаш добри по здравјето, алкохол, прејадување или др.
Многу е важно да сфатите дека колку повеќе мислите на тоа и колку повеќе му се спротивставувате, тоа повеќе опстанува.
Откажете се од нагонот да побегнете или да ги смирите вашите стравови опсесивно читајќи ги ажурирањата за вирусот.
Зголемете ја грижата за себе
Во текот на ситуацијата која предизвикува анксиозност, важно е да се сетите на испробаните стратегии за спречување и намалување на анксиозноста. Квалитетниот сон, редовното вежбање, здравата исхрана и користењето на техники за опуштање се исклучително важни.
Давањето на приоритет на ваквото однесување значителнов влијае врз зајакнувањето на имунолошкиот систем што автоматски ги намалува шансите за добивање на овој вирус.