Категории

Чувствувате стрес поради тргнувањето на вашето дете на училиште? Не сте единствени!

Ако вашето прваче тргна на училиште, веројатно кај вас се помешани емоциите. Среќа, тага, страв и сето тоа резултира во класичен стрес. Вообичаено е првите училишни денови да бидат тешки за некои родители, додека на други можеби им е потребна поголема поддршка да се прилагодат на овие промени.

Ако сте мајка или татко кои поминуваат низ ова, треба да знаете дека не сте сами. Всушност, ова чувство е многу почесто отколку што мислите – особено ако вашите деца се мали.

За среќа, постојат повеќе начини преку кои родителите можат да се изборат со стресот кој доаѓа со почетокот на секоја училишна година.

Преку вежби до совршенство

Американската Академија за педијарија (ААП) сугерира мајките кои се под стрес во текот на првите денови од училишната година, да поминат некое време во размислување што всушност е изворот на нивната анксиозност и што можат да направат да ја ублажат.

Задачите како оние во кои децата се будат порано, избираат облека која сакаат да ја носат во текот на денот или појадуваат во одредено време, можат да помогнат во олеснување на „преминот“. Ако најдете начин да ги започнете тие денови со детето наутро со позитивни акции, тоа исто така ќе ја намали вашата анксиозност додека градите рутина, истакнуваат психолозите.

За многу родители, голем дел од стресот произлегува од грижата за идните искуства кои вашето дете ќе ги има кога ќе тргне на училиште, како и анксиозноста која можат да ја почувствуваат поради новото, непознато место и средина. Психолозите истакнуваат дека е важно родителите да се потсетат дека не можат да го контролираат идното искуство на своите деца, туку само својата реакција на него.

Наместо тоа, родителите треба да се фокусираат на помагањето на своите деца да ги разберат како се чувствуваат, да разговараат со нив и да ги научат како да се носат со она што им се случува.

Родителите кои ја нагласуваат анксиозноста кај детето во врска со училиштето, можат само да им го отежнат одењето на училиште бидејќи децата се „хранат“ со стресот на родителите.

Родителите мора да постават тон на комуникација, истакнуваат психолозите. Ако покажат многу нервоза или анксиозност, или се прашуваат дали е тоа вистинскиот избор на училиште за детето, нивните деца ќе го присвојат однесувањето.

Помагање на децата да се носат со проблемите на училиште

Родителите не се единствените кои доживуваат зголемен стрес на почетокот на учебната година. И децата честопати го чувствуваат тоа, а родителите тука треба да помогнат.

Сѐ што може да направите е да ја минимизирате мистеријата уште предвреме. Тоа ќе им помогне на вашите деца. Ако можете однапред да испланирате посета на училиштето, да разговарате за сѐ она што ги очекува, па дури и да вежбате како би изгледал првиот ден.

Психолозите објаснуваат дека со оваа рутина децата побргу напредуваат кога им е позната рутината.

Борете се за нив уште од првиот ден

На родителите им се препорачува да го уверат своето дете дека сѐ ќе биде во ред и дека денот ќе биде прекрасен. Потоа, да остават наставничката да му помогне на детето да се прилагоди. Психолозите советуваат родителите да останат расположени и при самата разделба, иако тоа можеби не е лесно.

Кога детето плаче, паничи или говори „Не сакам да одам на училиште, не ме терајте“, тоа природно предизвикува емоции на сожалување кај родителите, загриженост и фрустрација.

Во тие моменти, психолозите ги охрабруваат родителите да ја поделат својата смиреност и стабилност со детето. Не го поддржувајте нивниот хаос, и детето, најверојатно бргу ќе се смири и расположи.

Потполно е во ред вашето дете да менува расположение првите денови на училиште и да плаче. Само обидете се да ја намалите драмата и паниката пред своето дете.

Иако не се чини лесно, тоа е најдобро за вашето дете – и за вас!