Категории

Цитати од нобеловецот Мухамед Јунус за светската пандемија

Мухамед Јунус е социјален претприемач, банкар, економист, активист и нобеловец. Тој е носител на Нобеловата награда за мир за Грамин банките што самиот ги формирал. Моделот на микрокредитирање за сиромашни, во кој Јунус е пионер, овозможил да се иницираат стотици илјади мини-претпријатија создадени од најсиромашните.

Што мисли тој за кризата со Ковид-19 со која што се соочуваме?

„Токму сега, целиот свет треба да одговори на едно големо прашање. Не станува збор за тоа како да се врати економијата таму каде што била. За среќа, го знаеме одговорот на тоа прашање. Нашето досегашно искуство ни помогна да развиеме општ рецепт за заживување на економијата. Големото прашање на кое треба да одговориме е: Дали сакаме да го вратиме светот таму каде што беше пред вирусот корона? Се сеќаваме ли каде бевме пред само два месеца?“

„ Дали да работиме за да го вратиме светот таму каде што бил или ќе дизајнираме нов свет? Одлуката е целосно наша! Пред кризата предизвикана од ковид-19 бевме исклучително гласни за последиците од начинот на кој ја водевме економијата и за тоа што ѝ се заканува на планетата и на човештвото ако продолжиме на ист начин. Си дававме уште неколку декади пред целосната катастрофа за живиот свет на неа“.

„Пред да ја рестартираме економијата, мораме да се согласиме за тоа каква економија сакаме. Економијата е само средство што самите сме го дизајнирале за да може да нè однесе до целите што самите си ги предвидуваме. Нејзиниот формат не смее да го плаши човекот и да диригира процеси што оставаат чувство на „смртоносна стапица“ за учесниците во неа, освен, нели, за „одбраните“. Денес, со новиот глобален контекст, имаме не само луксуз, туку и обврска да го дизајнираме и редизајнираме ова средство толку пати колку што ќе биде доволно за да стане соодветно за сите!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лице в лице (@licevlice) on

За повеќе цитати, како и многу други социјални теми, прочитајте во новиот број на „Лице в Лице“.