Категории

Цитати за вистинската љубов од незаборавниот Боб Марли

Најпознатата реге икона, Боб Марли, чија музика секогаш внесува позитивност и мир во вашите срца, овој пат зборува што значи вистинската љубов и колку таа може да биде тешка. Љубовта за која Марли често пееше може да се доживее само со отворено срце, свесни за опасноста дека тоа лесно може да биде скршено. Според него, вие не треба да барате совршени луѓе, туку луѓе покрај кои вреди да се помине остатокот од животот. Погледнете дел од неговите најпознати цитати за вистинската љубов.

„Таа не е совршена. Не си ни ти. И вие двајцата заедно никогаш нема да бидете совршени. Но, ако може да те насмее барем еднаш, или да те натера да размислиш два пати, ако признава дека е човек и греши, тогаш остани покрај неа и дај сѐ од себе за да бидете среќни.“

„Тој нема да цитира стихови, тој не мисли на тебе во секој момент, но тој ти дава дел од себе кој ти лесно можеш да го уништиш и тој тоа го знае. Не повредувај го, не обидувај се да го промениш и не очекувај од него повеќе од тоа што ти го дава.“

„Насмеј се кога те прави среќна, викај кога те нервира, и сакај го кога не е покрај тебе.“

„Не постојат совршени мажи, но секогаш постои еден, совршен за тебе.“

„Можеби нема да си ѝ првиот маж во животот, ниту последниот или единствениот. Сакала некого пред тебе, можеби ќе сака некого и после тебе. Но, ако сега те сака тебе, зарем е важно нешто друго?“

„Го отвораш своето срце иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и притоа доживуваш љубов и задоволство за кои никогаш не си мислел дека постојат. Сфаќаш дека ранливоста е единствениот начин да му овозможиш на своето срце да го почувствува вистинскиот притисок кој е толку реален што те плаши.“

„Работите кои никогаш претходно не те интересирале, стануваат фасцинантни бидејќи знаеш дека се многу важни за љубената личност. Мислиш на таа личност во секоја прилика, без разлика што правиш. Се присетуваш на сите оние нешта како светло синото небо, нежниот ветер, па дури и облакот кој носи невреме на хоризонтот.“

„Ако е идеална жена, нема да биде лесна. Ако е лесна, не е идеална. Ако ја заслужуваш, нема да се откажеш. Ако се откажеш, не ја заслужуваш. Вистината е дека секоја жена ќе те повреди, твое е само да ја најдеш онаа за која вреди да страдаш.“

„Велиш дека го сакаш дождот, а носиш чадор кога врне. Велиш дека го сакаш сонцето, но бараш сенка кога грее. Велиш дека го сакаш ветрот, но кога дува ги затвараш прозорците. Затоа се плашам кога велиш дека ме сакаш.“

„Длабоко во себе верувам дека само еднаш во животот среќаваме луѓе кои можат да го свртат целиот наш свет наопаку.“

„Ќе делите надеж за иднината, соништа кои никогаш нема да се остварат и бројни разочарувања со кои ќе ве почести животот. Секогаш кога ќе ви се случи нешто убаво, брзате да им кажете, бидејќи знаете дека со вас ќе ја споделат вашата возбуда.“

„Наоѓате сила во сознанието дека имате сродна душа која ќе ви остане верна до крајот на животот. Животот ви изгледа сосема различно, возбудлив и вреден да се живее.“

Прегледи:
833
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.01.2016