Категории

Converse лансира патики кои ја менуваат бојата

Неодамна, спортскиот бренд „Converse“ произведе патики направени од рециклирани пластични шишиња, а денес се појавува со уште еден неверојатен дизајн – камелеон патики.

Популарната марка на спортски обувки и облека продолжува да експериментира со материјали.

Заедно со брендот „Chinatown Market“,  “Converse“, ја лансираа линијата UV Chuck 70, која е изработена по стар дизајн, но има многу необична карактеристика. Патиките ја менуваат бојата под влијание на ултравиолетовите зраци.

Колекцијата вклучува два модела – „Chuck 70 Hi“ и „Chuck 70 Ox“. Првично, тие се во бела боја, но кога ќе дојдат во контакт со УВ зраци или светлина, на нив се појавуваат различни бои.

Сега можете да имате патики кои менуваат боја за 95 и 100 долари.

Прегледи:
729
Објавено на:
26.08.2019