Категории

Да го искористиме домашниот терен за победа против Монпелје

Ракометарите на Вардар в сабота против Монпелје го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на македонскиот првак посакува да продолжи победничката серија.

– Се наоѓаме под императив победа. Монпелје ќе игра тука без притисок. Имаа проблеми со повредени играчи, ама вчера играа комплетни. Треба да се искористи оваа ситуација, играме дома, пред нашата публика, која треба да навива многу зашто за мене ова е најважната недела. Ни треба победа, не знам како, ама знам дека играме со притисок, истакна Раул Гонзалес на денешната прес-конференција.

Капитенот Филип Лазаров вели дека Вардар е во одлична форма и по победите против Кристијанштад и Пик Сегед нема да дозволи Монпелје да го расипе впечатокот.

– Не очекува натпревар со екипата на Монпелје, последен во оваа фаза. Монпелје е екипа која е квалитетна, доаѓа растоварена да одигра еден добар меч. Најмалку што заслужува е респект и сигурно ќе дојдат овде да направат изненадување, ама ние нема да дозволиме, зашто сме во добар момент, добра серија и треба да го искористиме тоа. Да се пласираме на третото место во групата и потоа во една добра атмосфера да го дочекаме осминафиналето, рече Лазаров.

Со евентуална победата против француската екипа Вардар ќе атакува на третото место во Б групата од Лигата на шампионите и ќе добие условно полесен противник во елиминациската фаза.

Прегледи:
404
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
03.03.2016