Сите сме го направиле тоа барем еднаш кога ќе кажеме нешто како „за среќа“, од страв дека тоа нема да се промени, чукаме во дрво за да не се заречеме. Се работи за едно од најраспространетите верувања кои се протегаат кај голем број култури во светот.
Од каде точно доаѓа обичајот, не може со сугурност да се утврди но постојат неколку теории.
Некогашните пагани верувале дека во дрвата живеат духови а чукањето по дрво е добар начин на привлекување на нивното внимание и помош. Исто така, обичај е да не се чука само еднаш, тоа би било непристојно. Секогаш се чука три пати, а првото чукање е за привлекување внимание, вториот пат е барање помош а третиот пат е за заблагодарување.
Подоцна тој обичај бил усвоен и во други религии. За христијаните, чукањето во дрво – крст кој бил начин на привлекување на вниманието на Бог.
Во јудаизмот се работи за посебно чукање кое означува тајна комуникација и чува луѓе од инквизиција. Познавањето на чукањето три пати било тајна лозинка која би отварала врата на синагога и препознавала истомисленици, па таквото чукање би било поврзано со нешто друго поголемо од среќа – преживување.
Можеби нај интересна теорија за настанувањето на овој обичај во нашите краеви е онаа во која чукањето на дрво служи за правење бучава со цел „лошите духови“ да не слушнат за што зборуваме и да не ги осетат нашите планови.