Категории

Да помогнеме Горазд да застане на нозе и да може да ги направи првите чекори во животот – самостојно!

Горазд е ведро и весело дете на кое уште од мал не може да оди – дијагностицирано е проблем со колковите и колената. Детскиот живот го поминува во количка. 

Но решение постои – сега е на вистинска возраст кога опарациите можат успешно да се извршат во болницата Атлас во Белград!
Родителите на Горазд  ја посетиле оваа болница, направиле прегледи и им била закажана операција на 10 ноември 2018 година поради итност на случајот и возраста на Горазд. Операцијата на колковите и колената заедно со рехабилитацијата во Белград ќе чинат 14.000 евра.

Неговите родители, иако со ниски примања, преку акции цела оваа година успеале да соберат 10.000 евра, но потребни им се уште 4000 за да можат да го однесат малиот Горазд на оваа за него животно значајна операција на закажаниот термин!

Донирај за Горазд Исаковиќ

Денарска: 2400-501-090-09548

ДевизнаSWIFT: UIBMMK22XXX    IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје

Да помогнеме Горазд да застане на нозе и да може да ги направи првите чекори во животот – самостојно!
Прегледи:
480
Објавено на:
10.10.2018