Категории

Да, те сакав. Но, сега пушти ме…

Оние кои сме ги сакале, а потоа си отишле од нас – не е важно по чија иницијатива, но по нивна вина – зошто се враќаат? Човекот, кој пред година или пет, го скршил твоето срце, оној од кој си отишла со солзи, мрзејќи или простувајќи му – не е важно, кој не е заборавен ниту ден денес.

Како може да се заборави отстранувањето на слепо црево, дури и по залекувањето, барем поради лузната. Оној кој јасно ставил до знаење дека е готово – се враќа. Зошто?

Еднаш месечно или во шест месеци, но задолжително добиваш од него порака, мејл, повик… Тој само сака да знае како сум, сака да се пофали со уште еден успех, следи покана за на кино… да преспиеме заедно или повторно да ме испрати по ѓаволите.

Јас не можам, цел живот умирав од збунетост и не патам само затоа што е крај, готово е – тој е оженет, јас сум омажена, грдите зборови одамна се кажани, извинувањето е донесено. Одамна сум рамнодушна, но и понатаму ме боли.

Таквите работи, драги мои – секогаш се сведуваат на контраиндикации: одамна сум рамнодушна и понатаму ме боли.

Неубедливо? Но, тоа е всушност она што го чувствувам. Заљубувајќи се, го отвораме своето срце, еднонасочен канал на неколку мегабита, кој  е невозможно да го блокирате. И секој драг поранешен одлично ја чувствува фреквенцијата и од време навреме, го врти вашиот број за да ве праша: „Сакаш да одиме на кино?“

Јас одговарам: „Јас не сакам да одам во кино. Сакав да поминам со тебе половина век, да ти родам син, кој би личел на тебе и да умрам со тебе, еден ден. А во кино – не, не сакам. Но, на глас, нормално ги изговарам само првите пет зборови. Но, приказната е секогаш иста: тој се јавива да ме праша дали сум го сакала, а јас одговарам: „Да“. Да драги, да кретену, само – да.

Одамна сум рамнодушна, но и понатаму ме боли. И понатаму го дисконектирам срцето по секоја конекција. Не знам што треба да направиме за да престанат да не мачат овие духови од минатото. Можам да бидам љубезна, да не одговорам на повикот, но во мислите, тој без разлика на сѐ, секогаш ќе го слушне одговорот на своето прашање: „Дали ме сакаше?“ – „Да“. На мира те оставаат само ние кои никогаш не сте ги сакале. Поточно, дури и да те побараат, едноставно не го приметуваш тоа.

Заклучокот сам се наметнува. Можеби би требало сама да испраќам пораки еднаш месечно? Трошокот е мал: „Те сакав“. А сега смири се. Сега пушти ме…