Категории

Daily Mail се изнасмеа поради човекот кој си направи педикир во автобус на ЈСП Скопје

Видеото на кое може да се види како пензионер од Скопје си ги сече ноктите додека се вози во градски автобус на ЈСП стана толку вирално што заврши и на британски Daily Mail…

Човекот од видео записот не е идентификуван, и притоа тој без ниту најмалку да размисли решава да ја искористи можноста додека патува со градскиот автобус да си ги исече ноктите. Веројатно помислил дека на тој начин паметно ќе си го пополни слободното време…

Од друга страна пак, човекот којшто го снима, е веројатно и единствениот којшто го забележал тој момент, бидејќи кога на кратко ќе ја заврти камерата кон останатите патници се забележува дека никој друг не го гледа.

Прегледи:
496
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.08.2016